Македонија 10320419_10203367044571063_7495636678162819253_n

10 март, 2015

Фифи ќе се натпреварува на шведскиот „Идол“

По минатогодишното учество во регионалниот „Х фактор“, Фифи ќе се обиде да го докаже својот талент за музика пред шведската публика. Имено, пејачката ќе учествува во шведската верзија на познатиот музички натпревар „Идол“, кој наскоро ќе започне со аудициите за 11. сезона. Фифи сѐ уште ја избира песната со која ќе се претстави, но не се двоуми што би пеела во финалето:Beautiful на Кристина Агилера ќе ја пеам во финалето кога ќе излезам облечена во знамето на ЛГБТ“, вели Фифи, која веќе извесно време е во Шведска, каде што го почна процесот за промена на полот.

„Докторките кои ги запознав се предобри и ќе бидат покрај мене низ целиот мој процес. Пресреќна сум. За мене излезе комплицирано да ги почнам терапиите во Македонија, мораше нонстоп во Белград да се оди и многу други глупости, бидејќи кај нас нели нема професионалци за тоа. Е тука е сосема поразлично“, изјави Фифи неодамна.

Извор: Република / Фотографија. Фејсбук



Врати се горе ↑