3 април, 2017

„Фидбек бенд“ со нов спот за темата „Влези во мојот живот“

Музичкиот состав „Фидбек бенд“ го промовира својот најнов видеозапис за третата по ред студиска песна која го носи насловот „Влези во мојот живот“, а зад неа се потпишуваат Огнен Неделковски (текст) и Милан Стефановски (музика и аранжман).

Песната „Влези во мојот живот“ е снимена во студиото на „Кларион продукција“, додека за видео записот беше задолжена екипата на „Арт студио“.

feedback-band2

Музичкиот состав „Фидбек бенд“ е составен од 5 музичари во комплетен вокално-инструментален состав и тоа: Јане Славов (вокал), Игор Гудески (тапани), Томислав Димовски (соло гитара), Бобан Клењоски (клавијатура и вокал) и Стефан Петрушев (бас гитара).

Бендот постои од 2009 година, а за сите овие години можат да се пофалат со настапи на голем број свадбени прослави, матурски вечери, настапи во најпознатите дискотеки од сите градови во Република Македонија.

feedback-band



Врати се горе ↑