21 октомври, 2013

Фетиш Бит објавија видео запис снимен во Њујорк

Српската група Фетиш Бит (Fetish Beat) го објави петтиот видео запис од својот деби албум за темата „Звезда јутарња“: „Оваа химна на лутањето и разделбите го опишува пребрзото разводнување на акварелот на нашите животи, трипозни сликички на паралелни реалности, споени во една бескрајна самотија. Времето повеќе нема важност, останува само разминувањето во метрото и бодежот на љубовта во живото срце. На двете страни од фронтот.“ – вели Бранислав Анѓелковиќ за екранизацијата на оваа тема, кој е идеен творец и лидер на групата, а улогата на камерман ја презеде Малколм XL, андерграунд херојот од Upper West Side.

„Уживајте и препорачајте на некој сакан, ако е со слободен ум и чисто срце“ – открива и порачува Анѓелковиќ, кој ја потпишува и режијата на овој живописен видео запис, заблагодарувајќи се на Јелена, Обрад Поповиќ (Биомедиа), Влада и АјаВторото студиско издание на групата Фетиш Бит е во поодмината фаза на подготовка, а исто како и деби албумот, ќе содржи дваесет и една песна.



Врати се горе ↑