Настани Cover-photo-fb (1)

16 јули, 2014

Фестивалот „Love & Happiness“ подржан и од осум македонски диџеи

На овогодинешното издание на фестивалот Love & Happiness“, покрај веќе најавените Џаџ Џулс и Спејс Трајб, ќе настапат и осум македонски диџеи. Својот настап го потврдија диџеите: Никифор, Боби, Бабура, Бранчез и Даре, предвидени за главната сцена (Градиште плажа 2) и диџеите:  Yudhisthira, Sound Killah и Dejan Doggy, предвидени за транс сцената (Градиште плажа 3).

Организаторите најавуваат повеќечасовен спектакл кој ќе трае до раните утрински часови, а за разладување на жешката атмосфера е најавена и најголема пена парти досега во Македонија. Фестивалот е предвиден за 26 јули на плажата Градиште во Охрид, со почеток во 22 часот.

Влезниците за Love & Happiness може да се купат во претпродажба по супер промотивна цена од 350 денари (потоа 450 денари) во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑