Настани

4 декември, 2018

Фестивалот „Филмови што значат“ од 4 до 16 декември во пет градови низ Македонија

Од 4 до 16 декември, Младинскиот образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организираат „Филмови што значат“ (Movies That Matter), филмски фестивал за документарен филм чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември.

Филмските проекции ќе се одржат во пет града: Велес, Тетово, Скопје, Куманово и Битола. Трите филмови кои ќе се прикажуваат се: „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (Joshua: Teenager vs. Superpower), „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (Algo Mio, Argentina’s Stolen Children) и „Трагачи по вистината“ (Truth Detectives).

По секоја филмска проекција ќе следува дискусија. Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот на сите настани е бесплатен.

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ:

Велес – 19.00 часот/ 4 декември/ Локалната библиотека „Гоце Делчев“ (Медиотека)

Филм: „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (78 минути), режија: Џо Пискатела, САД

Тетово – 19.00 часот/ 5 декември/ Центар за балканска соработка Лоја

Филм: „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (93 минути), режија: Џени Хелман и Реџина Мениг, Германија

Скопје – 18.00 часот/ 10 декември/ Кафе и филм Котур

Филмoви:

18.00 ч – „Детективи на вистината“ (52 минути), режија: Ања Рајс, Германија

19.00 ч  – „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (78 минути), режија: Џо Пискатела, САД

20.30 ч – Дискусија

21.30 ч – „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (93 минути), режија: Џени Хелман и Реџина Мениг, Германија

Куманово – 19.00 часот/13 декември/ Младински центар MultiКулти

Филм: „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (78 минути), режија: Џо Пискатела, САД

Битола – 19.00 часот/16 декември/ НУ Центар за култура Битола – Мала сала

Филм: „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (93 минути), режија: Џени Хелман и Реџина Мениг, Германија

ЗА ФИЛМОВИТЕ:

„Детективи на вистината“ (Truth Detectives)

Режија: Ања Рајс (Anja Reiss), Германија

Времетраење: 52 минути

Низ целиот свет, луѓето ги комбинираат најновите технологии со наодите од граѓански новинари и истражители, за борба против неказнивоста и неправдата. Тие имаат една цел пред сè: негирање на сторителите шанса да негираат. Фасцинантни извештаи од Украина, Колумбија, Израел, Сирија и Мали.

„Правдата се заснова на вистината“, вели Фату Бенсуда во Детективи на вистината. Бенсуда, главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објаснува дека институциите како МКС сè повеќе и повеќе се потпираат на дигитални податоци од обичните граѓани за да изградат случаи против сторителите на воени злосторства и други злоупотреби на човековите права.

Во овој фасцинантен документарец, гледаме дека сето тоа е многу повеќе отколку гледање на видеа на телефоните на луѓето. Во Израел, на пример, за да се истражуваат воените злосторства за време на последниот конфликт во Газа, беше направен 3Д-модел на градот Рафа полн со фотографии и видеа објавени од луѓе онлајн. Тоа овозможи многу прецизно да се реконструираат настаните. И во Колумбија, организации во потрага по десетици илјади исчезнати лица се обидуваат да ги лоцираат тајните гробишта користејќи модел кој првично бил развиен од биолози за следење на ширењето на пајаците. Ова се реалните детективи на вистината кои откриваат докази онаму каде се чини речиси невозможно да се најдат.

 

„Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (Joshua: Teenager vs. Superpower)

Режија: Џо Пискатела (Joe Piscatella), САД

Времетраење: 78 минути

Возбудлив документарен филм за група тинејџери од Хонг Конг кои ја предизвикуваат Кина за време на Чадор-револуцијата. Додека Кина полека, но сигурно ги ограничува граѓанските и политичките слободи во Хонг Конг, луѓето излегуваат на улиците во огромни броеви. Водени од 17-годишниот Џошуа Вонг, демонстрантите се соочуваат со властите во епски дуел.

Што се случува кога 17- годишен средношколец од Хонг Конг решава дека е време да се спротивстави на комунистичката Кина? Кога тој средношколец е Џошуа Вонг, подобро е властите да се подготват.

Кога Британците го предадоа Хонг Конг на Кина по 150 години колонијализација, договорен е принципот „една земја, два система“: Хонг Конг во голема мера ќе ја задржи својата автономија од Кина, задржувајќи ги своите права и слободи. Но, кога Кина ќе отстапи од своите ветувања, Џошуа Вонг излегува на улиците да протестира. Прво самостојно, но како што неговата студентска организација „Сколаризам“ собира повеќе внимание преку социјалните медиуми, сè повеќе и повеќе луѓето му се придружуваат.

Студентите ги приморуваат властите да ги повлечат своите планови за репресивни образовни реформи. Но, тогаш Кина инсистира на тоа да ја преземе контролата врз гласачкиот систем, и овој пат, Кина не отстапува. Резултатот е епски дуел меѓу властите и луѓето од Хонг Конг, со тинејџер во центарот на акцијата.

 

„Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (Algo Mio, Argentina’s Stolen Children)

Режија: Џени Хелман (Jenny Hellmann), Реџина Мениг (Regina Mennig), Германија

Времетраење: 93 минути

За време на диктатурата на воената хунта во Аргентина во 1970-тите, новороденчињата биле одземани од опонентите на режимот. Овие субверзивни елементи биле елиминирани и нивните деца биле сместени во згрижувачки семејства, од кои многумина биле воен персонал во служба на хунтата. „Мајките на Плаза де Мајо“ протестирале со децении, барајќи поголема јасност за судбината на нивните исчезнати деца и внуци. Тие постигнале успех и биле спроведени судски процеси за повторно обединување на внуците на исчезнатите родители со нивните биолошки семејства.

Хиларио и Каталина се две од многуте „украдени деца на Аргентина“. Тие ја дознале вистината за нивното потекло пред неколку години и сега водат судски спор против нивните посвоители. Сепак, не сите го сметаат откритието за благослов. Додека Каталина ја доживува вистината за нејзиното потекло како спас и е нестрплива да ги донесе нејзините згрижувачки родители на суд, Хиларио всушност го гледа како ужасно откровение. Тој ги сака своите згрижувачки родители и е многу неволен да го прифати своето биолошко семејство. Исто така, тој сака да го спречи семејството што го гледа како свое од одење во затвор. Кога жртвата не се чувствува како жртва, дали сторителот треба да се соочи со судење?

Режисерките Џени Хелман и Реџина Мениг ги следеле Хиларио и Каталина во период од две години, за време на тешките судски случаи против нивните згрижувачи родители, давајќи ѝ на публиката сосема свеж поглед на аргентинската историја и сложеноста на обработката на националната траума.

Извор: РадиоМОФ



Врати се горе ↑