Настани

17 август, 2016

Фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Во периодот од 16 до 19 август, Вевчани e домаќин на 6. по ред фестивал на народна култура „Пображење“, во организација на културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани.

„Целта на овој фестивал е да ја презентира македонската духовна  култура и традиција, да овозможи запознавање на културата и традицијата од други земји низ светот, да ја збогати туристичката понуда на Вевчани. Вевчани одсекогаш бил достоен чувар на Македонската традиција, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, па токму затоа и овој фестивал е само уште една потврда за нашиот однос кон културното наследство на Вевчани и Македонија“, изјави претседателот на КУД „Дримкол“ од Вевчани, м-р Тошо Чочороски.

Оваа година учесници на фестивалот се: ФА „Китка“ – Истибања,Р. Македонија; КУД „Илинден“ – Струга, Р. Македонија; ФА „Ловеч“ –  Ловеч,Р. Бугарија; ФА „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ – Паиде, Р.Естонија; КУД „Ѓердан“ – Ваљево,Р.Србија; КУД „Дримкол“- Вевчани, Р.Македонија; КУД „Весели Пензионери“ – Пробиштип, Р.Македонија; КУД „Ѓердан“ – Охрид, Р.Македонија; КУД „Типопластика“ – Горни Милановац, Р.Србија; ФА „Пжировские Нутки “ – Пжирув, Р.Полска.

Razglednici11

Стручниот совет на фестивалот во состав: проф. д-р Мирјана Мирчевска, проф. д-р Велика Стојкова – Серафимовска, проф. д-р Даворин Трпевски, м-р Ивона Татарчевска – Опетчевска, Јовица Блажески и Наташа Кукоска ќе ги оценуваат сите ансамбли кои ќе презентираат изворен фолклор, а за најдобриот ансамбл организаторот доделува плакета „Чувари на изворната традиција“.

Фестивалот завршува на 19 август со настап на познатиот македонски чалгиски бенд „Чалгии“ од Скопје.

Покрај сценско-уметничката презентација на  орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот ќе се одржи и стручен дискурс на тема: „Обредноста во Вевчани -Пображење“, на која ќе земат учество еминентни професори, стручњаци и луѓе од праксата. Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија.



Врати се горе ↑