Настани 1069909_554858217884981_1440143669_n

19 јули, 2013

Фестивал „Аларм за природата“ во Дојран

Од 2-4 август, во кампот Мрдаја во Дојран, ќе се одржи второто издание на фестивалот Аларм за природата. Проектот што настана на 1-ви март 2010 со поврзување на култниот музички фестивал Аларм и активностите за организирано чистење на речните корита и бреговите на езерата во западниот дел на Р. Македонија, оваа година повторно се активира, а овојпат центарот на случувањата е регионот на Дојранското Езеро!

Организираните еко активности се веќе во тек, а кулуминацијата ќе биде од 2-4 август во кампот Мрдаја – Дојран за време на еко-музичкиот фестивал Аларм за природата – Дојранкадешто освен љубители на добра музика и кампување во природа покрај прекрасното езеро Дојран, ќе има и голем број на невладини организации, училишта, амбасади, приватни претпријатија и други субјекти кои имаат најмалку едно заедничко нешто, а тоа е грижата за природата и желбата да се направи нешто во насока на нејзиното зачувување.

Досега потврдени се настапите на музиките групи Мизар, Фолтин, Д Џон, Љубојна, ХаХаХа, Гоце САФ, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Митан, Скрин, Темпера и Машрумс, а наскоро ќе бидат објавени и дополнителни изведувачи од полето на електронската музика.

На Еко – саемот, со свои предавања, работилници и презентации, учество ќе земат: Млади Пожарникари Волонтери – Сфера, Битола; Стрип центар на Македонија –  Велес; Инк Арт Студио – Скопје; СОУ Св.Кирил и Методи-  Неготино; Асоцијација 615 –  Битола; Krug – Center for International Cultural Collaboration, London, UK; Гоу Грин-  Скопје; СОУ„Ѓорче Петров“ – Прилеп; Eколошко друштво „ТРЕСКА“ – М. Брод; ММИ Македонска музичка индустрија – Скопје; Зелената арка – Скопје; ДОМ; Младите можат – Скопје; Асоцијација за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А. ; Embassy of Sweden; Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство  „Контекст Струмица“ ; Црвен Крст на РМ.

Билетите по симболична цена се веќе во продажба и можат да се набават во продажната мрежа на „Купи карти за сè“. Билетите за три дена со вклучено место за кампување чинат 300 денари, а дневните влезници за 2-ри и 3-ти август, 150 денари.



Врати се горе ↑