Настани

23 јануари, 2018

„Фестивал 84“ ја претставува олимписката екипа со изведувачи за маратонските журки на Јахорина!

„Егзит“, кој минатата недела на деветтото годишно доделување на Европските фестивалски награди официјално беше прогласен за најдобар голем европски фестивал, од 15 до 18 март на олимписката Јахорина го започнува новиот „Фестивал 84“! Станува збор за формат на зимски музички фестивал на планина, кој е сѐ повеќе баран во Европа, а судејќи по брзото темпо на продажба на влезниците, уште од првата година ова ќе биде и еден од најголемите од овој тип во светот! Ваквите фестивали се познати по исклучително енергичните журки во големите монтажни шатори, чиј капацитет може да ги надмине и спортските арени, а веќе од првата година „Егзит“ на Јахорина ќе ги доведе некои од најактуелните светски ѕвезди покрај водечките регионални имиња!

Фуриозната листа на „Фестивал 84“ ја предводат британските суперѕвезди „Сигма“ (Sigma), познати по хитовите кои не се симнуваат од радио станиците и соработките со ѕвезди како што се Канје Вест, Ели Гоулдинг и Палома Фејт,  додека тие самите ги предводат и програмите на најголемите зимски фестивали поради бордерската химна „Higher“ која ја пее Лебринт (Labrinth)! На Јахорина стигнува и славниот активистички колектив и голема лондонска група „Ејжан даб фаундејшн“ (Asian Dub Foundation), чиј звук беше директен пример и за најголемата балканска група „Дубиоза колектив“! Покрај нив доаѓаат и апсолутните клупски хитмејкери Махмут Охан, Бурак Јетер, како и руското диџеј дуо Филатов и Карас, чии хитови бројат милијарди прегледи на Јутјуб!

За вистински техно и хаус-маратон на планината ќе биде задолжена листата која ја предводи словенечкиот „техно татко“ Умек, потоа славниот холандски диџеј маг Патрис Бојмл (Patrice Bäumel), но и најбараното техно дуо на Балканот, тандемот од Бања Лука – Младен Томиќ и Синиша Тамамовиќ! Регионалните рок суперѕвезди „Ван Гог“ доаѓаат на Јахорина да ја соберат публиката од сите краишта, а жестоко ќе биде и со неприкосновените регионални рапери како што се „Бед копи“, но и Френки, Контра и Индиго, како и во моментов најслушаните мангупи „Хелем нејсе“! На „Фестивал 84“ доаѓаат и најдобрите претставници на домашната сцена, „Афтер афер“ (After Affair), „А скицо“ (A Skitzo), „Билејн“ (Billain), „Блек ејсид“ и „Ванјано“ (Black Acid b2b Vanyano), диџеј Соул (DJ Soul), „Форест пипл“ (Forest People), Форнива и Андеј Јелиќ (Forniva b2b Andrej Jelić), Џи-Ед и Феџа Кнајдл (G.Edd b2b Fedja Knajdl), Меракун (Merakoon), Мистер Мехикано (Mr. Mehikano), Саид5 (Said5), Суле и Роберт Ес (Soole b2b Robert S), Вуди (Woodie), Ворда (Worda), Зли Џеј (Zli Jay) и многу други!

 

По впечатливиот настап на фестивалите „Егзит“ и „Си денс“, британското дуо „Сигма“ доаѓа да ја провери и публиката на „Фестивал 84“! Нивниот колосален хит „Nobody to Love“ им донесе две номинации за БРИТ наградите и стана број еден британски сингл. Нешто подоцна, истата позиција ја зазеде и нивната нумера „Changing“. Нивниот хит „Find me“ го изработија во соработка со Греми номинираната пејачка Брди (Birdy), а во овој емотивен спот глуми најактуелната млада актерка во подем Мили Боби Браун (Millie Bobby Brown), главниот лик во планетарно популарната серија „Почудни нешта“ (Stranger Things)! Британскиот состав „Ејжан даб фаундејшн“ веќе ги освои „Егзит“ и Петроварадинската тврдина, а сега е на ред и „Фестивал 84“! Секогаш директни и драматични, како во настапите, така и во текстовите, активистите кои не се плашат да застанат против општествените неправди и да се борат за оние чиј глас не се слуша, носат ефектен микс на хип-хоп, денсхол, рок, панк и реге звук.

По минатогодишната незаборавна журка која ја приреди на фестивалот „Си стар“, словенечката легенда на техно жанрот – Умек, доаѓа да ја загрее и Јахорина! Присутен на сцената повеќе од две децении и лично одговорен за популаризирање на електронската музика на Балканот, Умек е еден од најбараните диџеи на денешницата. „Битпорт“ во 2010 му ја додели титулата за најдобар техно изведувач, додека во 2013 неговата трака „Goes On“ беше прогласена за најдобра на Меѓународните награди за денс-музика (International Dance Music Awards). Журка ќе приреди и меѓународно познатиот диџеј и продуцент Патрис Бојмл (Patrice Bäumel)! Тој на Јахорина стигнува по многу успешната 2017 година, во која беше повикан од престижното „Би-би-си Радио 1“ да учествува во создавањето на познатиот серијал „Есенцијален микс“ (Essential Mix), а неговиот сингл „Glutes“ се најде на листата на „Миксмаг“ како една од најдобрите нумери на годината и можеше да се чуе во клубовите жирум светот!

А директно од морските фестивали „Си стар“ и „Си денс“, на Јахорина стигнува и Махмут Орхан, творецот на мегахитовите „Feel“ и „Save Me“, но и на официјалниот ремикс на темата од серијата „Game of Thrones“, кој беше неодминлив летен хит на плажите во времето додека целиот свет на екраните ја следеше седмата сезона. Нему ќе му се придружи и подеднакво бараниот хитмејкер од Амстердам, истотака со турско потекло, Бурак Јетер, чиј сингл „Tuesday“ со речиси хипнотичко дејство изби меѓу најслушаните песни во годината зад нас. По 10 години самостојни настапи ширум светот, соло изданијата за некои од најеминентните етикети како „Јуниверзал мјузик“, „Ворнер мјузик“ и т.н. во 2012 година, Алекс Карас и Дмитри Филатов, одлучија да ги здружат силите. По одличниот почеток на 2015 година и успехот кој го постигнаа со ремиксот на синглот на француската пејачка Имани, „The Good, The Bad and The Crazy“, следуваше неочекуваниот подем на овој тандем. Многу бргу потоа, во етерот се заврте и ремиксот на интернационалниот хит „Don’t Be So Shy“, кој освои платинест тираж, а воедно се најде и на листата на најбараните синглови на музичката платформа „Шазам“. Со новиот хит „Time Won’t Wait“ и преку 50 милиони прегледувања на Јутјуб, не можеме да очекуваме ништо помалку од феноменална журка која ќе ја приредат на Јахорина!

Откако „ЕГЗИТ Летото на љубовта“ во 2017 година беше најголемиот фестивалски потфат на овие простори, опфаќајќи ги „Си денс“ на Јаз, „Револушн“ во Темишвар, „Си стар“ во Умаг и секако централниот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, новиот проект „Егзит слобода“ (EXIT Freedom) во 2018 ќе биде уште поголем бидејќи кон него се придружува и петтиот член – „Фестивал 84“! Премиерното издание на „Фестивал 84“ ќе се одржува од 15 до 18 март годинава на повеќе локации во рамки на Олимпискиот центар Јахорина. Програмата на фестивалот се креира по формулата 2+2 користена и за изразито успешниот фестивал „Си стар“ во Умаг. Така првиот ден на фестивалот ќе има вечерна журка за загревање, а следните два дена програмата ќе биде отворена во полн капацитет и во текот на денот на ски-стазите и во текот на ноќта во монтажните објекти на терените пред хотелот „Бистрица“, но и на други затворени локации, како во Бистрица, така и во други локали. Последниот ден ќе биде резервиран за журата за затворање, со која воедно и официјално ќе биде затворена зимската сезона во Олимпискиот центар Јахорина.

Акцијата 1 влезница = 5 фестивали“ само до 26 јануари!

Само до 26 јануари трае најголемата акција на „Егзит“ досега „1 влезница = 5 фестивали“! Концептот EXIT Freedom 2018 го чинат дури пет фестивали во пет земји: EXITFestival 84Sea StarRevolution и Sea Dance, а до крајот на траењето на акцијата сите купувачи со ЕГЗИТ влезницата по промотивна цена од само 3.580 денари, добиваат влез на останатите четири фестивали, меѓу кои и за „Фестивал 84“, со кратка претходна регистрација.

Уште многу ограничен контингент влезници за „Фестивал 84“ со неверојатни 60% попуст, по цена од 999 денари ќе бидат во продажба во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат) до крајот на денот или до истек на залихите, по што нивната цена ќе биде повисока. На сајтот на официјалната егзитова туристичка организација exittrip.org достапна е и ограничена количина промотивни пакети со влезница за фестивалот, дводневна ски-пропусница и сместување за „Фестивал 84“, но и специјално скроените туристички пакети за останатите фестивали во организација на тимот на „Егзит“.



Врати се горе ↑