Видео frg

1 септември, 2017

Ферги објави трејлер за визуелниот албум „Double Dutchess“

На 22 септември конечно ќе стигне долгонајавуваниот втор соло албум на Ферги насловен „Double Dutchess“, а пејачката одлучи да ги следи стапките на својата колешка Бијонсе и да спакува цел аудио-визуелен пакет. Таа штотуку објави трејлер од претстојниот проект, во кој се навраќа и на старите хитови од првенчето „Dutchess“ (2006), а се слуша и дел од новиот материјал.

DoubleDutchessOfficial

Албумот беше првично најавен во 2014 година со синглот „L.A. Love (La La)“, но заради одложувањата, како прв официјален сингл беше објавена темата „M.I.L.F. $“, а малку подоцна стигна и „Life Goes On“. Деновиве беа објавени и соработките со Рик Рос и Ники Минаж, а како ќе изгледа претстојната „Двојна војвотка“ можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑