Свет f-bep

16 август, 2014

Ферги го најави нејзиниот втор студиски албум

По приближно осум години од деби изданието „The Dutchess“, Ферги го најави нејзиниот втор студиски албум кој би требало да пристигне подоцна годинава. 39-годишната пејачка на групата „Блек ајд пис“ синоќа гостувала во емисијата на Челси Хендлер, каде што открила детали за претстојното издание. „Мојот друштвен живот сега се одвива во студио, сите се раму и мислам дека тоа е најголема забава“, изјавила познатата русокоса додавајќи дека соработува со многу талентирани луѓе. Дел од разговорот можете да погледнете во продолжение.

 

Со хитови како што се „Fergalicious“, „Glamourous“ и Греми номинираната „Big Girls Don’t Cry (Personal)“, првенчето на Ферги успеа да исфрли 5 сингла кои се пласираа меѓу најдобрите пет на Билбородвата Хот 100 листа, па се надеваме дека наскоро ќе нè почести со уште вакви хитови.

 



Врати се горе ↑