29 септември, 2016

„Фејт ноу мор“ има македонски видео запис

Американскиот рок бенд „Фејт ноу мор“ (Faith No More) го објави видеото за синглот „Cone of Shame“, во режија на нашиот режисер Гоце Цветановски. Според басистот на бендот, Били Гулд, „ова е една од оние песни кои мораат да имаат и видео“.

„Земајќи ја предвид смислата на културното наследство на Америка опфатен во песната, ќе беше лесно да се снима во Аризона или Ново Мексико, но откако бевме неколку пати во Македонија, сфативме дека таму има ’вајб’, кој ќе биде соодветен за позадина на песната. Гоце Цветановски, како режисер, го разбра ова веднаш, знаеше што точно да прави со тоа, и заедно со одличната актерска екипа успеа да создаде нешто мрачно и прекрасно во кинематичка смисла“.

fnm

Во видеото се појавуваат и македонските актери Митко Апостоловски, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Муса Исуфи, и Крле од бендот „Деј оф“ (Day Off). Продуцирано е од „Линкс анимејшн студиос“ (Lynx Animation Studios).

„Cone of Shame“ е второто видео за песна од „Sol Invictus“, последниот албум на бендот, кој е и нивен голем камбек после „Album of the Year“, издаден во 1997 година.



Врати се горе ↑