9 ноември, 2012

Фејт Хил пее за „Американското срце“

Американската кантри пејачка Фејт Хил вчера го промовираше новиот видео запис за нејзиниот нов сингл „American Heart“. Спотот е снимен минатиот месец во Нешвил, а е во режија на Треј Фенџој и е нејзин прв видео запис во последните пет години. Во него се појавува американското знаме во форма на срце и импресивните танцувачки способности на Хил и нејзиниот придружник, десетгодишниот танчер ТиЏеј Џоунс.

Во врска со оваа песна, Фејт изјави дека се расплакала кога прв пат ја слушнала песната и знаела дека не само што мора да ја сними, туку и дека веќе визуелно замислила како тоа ќе изгледа. Погледнете го „Американското срце“ на Фејт Хил.



Врати се горе ↑