Настани

4 април, 2018

„Феитлес“ со диџеј-сет на „Скопје колинг 2018“

Како што веќе знаете, Алан Вокер е ултимативниот хедлајнер во првиот викенд на фестивалот „Скопје колинг 2018“, на 2 јуни 2018. „Авалон продукција“ сепак се погрижи забавата да продолжи и во недела, на 3 јуни, за што успеа да го потврди и шоуто „Феитлес диџеј-сет“ (Faithless DJ set) со Систер Блис (Sister Bliss).

Во изминативе две години, кога „Феитлес“ мируваа со настапите во живо, нивниот препознатлив звук низ светот низ многуте светски музички фестивали го шири Систер Блис токму со овој проект.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600 денари. Од „Авалон“ информираат и дека истиот ден ќе бидат пуштени и блок влезници за Алан Вокер и Систер Блис по цена од 1.300 денари.

FAITHLESS DJ SET НА ВТОРИОТ ДЕН ВО ПРВИОТ ВИКЕНД НА SKOPJE CALLING FESTIVAL!Драги пријатели,Како што веќе знаете,…

Gepostet von Avalon Produkcija am Dienstag, 3. April 2018



Врати се горе ↑