Концерт zc-ftls

14 април, 2015

„Феитлес“ слават 20 години на „Загреб колинг“

Едно од најголемите имиња на елктронската музика во изминатите две децении – британските „Феитлес“ (Faithless) – ќе настапат на 14 јули на омиленото загребско место „Шалата“, како главни ѕвезди на вториот ден од фестивалот „Загреб колинг“ (ZAGREB CALLING), јавуваат од „Авалон продукција“. Во Загреб, Систер Блис и Макси Џез доаѓаат во рамките на својата турнеја, на која слават 20 години импресивна кариера.

Најавеното поместување на настапот на Били Ајдол, „Психомодо поп“ и „Партибрејкерс“ од 14 на 13 јули и проширувaњето на „Загреб колинг“ на два фестивалски дена е резултат на потврдата за настап на „Феитлес“. После неколку години пауза, бендот се враќа на светската сцена со турнејата „Faithless 2.0“, со спектакуларни настапи и полна концертна постава која ќе биде дел од првото издание на фестивалот „Загреб колинг“.

Со објавата на групата „Феитлес“ полека се заокружува списокот на изведувачи на првиот „Загреб колинг“. Во понеделник (13.07.2015) на стадионот „Шалата“ ќе нападнат рок “тешкашите“ Били Ајдол, „Психомодо поп“ и „Партибрејкерс“, додека вторникот (14.07.2015) е резервиран за спектакуларните „Феитлес“ и неколку домашни изведувачи кои ќе бидат дополнително објавени. Влезниците за „Феитлес“ ќе бидат пуштени во продажба од среда (15.04.2015) преку глобалната мрежа на eventim.hr.

Еден ден пред настапот во Загреб, британскиот состав на 12 јули ќе настапи и во Нови Сад, во рамките на јубилејното 15. издание на фестивалот „Егзит“.



Врати се горе ↑