Свет pw

20 март, 2015

Фарел за пресудата за „Blurred Lines“: „Ја убивате креативноста!“

Фарел Вилијамс конечно јавно прозбори за пресудата дека хитот „Blurred Lines“ е плагијат на „Got To Give Up“ од Марвин Геј, а судот во образложението навел дека песната не била создадена како плод на инспирација, туку станува збор за копирање.

„Оваа пресуда ги врзува рацете на секој автор кој сака да создаде некакво дело инспирирано од нечие претходно создадено“, изјавил Вилијамс за „Фајненшл тајмс“, во првото интервју после објавувањето на судската одлука: „Оваа одлука може да се примени на сите области, од мода, музика, дизајн… до што и да е“, објаснил познатиот музичар, тврдејќи дека одлука како оваа може да ја парализира музичката индустрија. „Сè што се наоѓа околу вас во една просторија е инспирирано од нешто или од некој“, рекол тој, додавајќи: „Ако го убиете тоа, тогаш ја убивате креативноста.“

По донесувањето на пресудата, потомците на Геј, кои бараат оштета од речиси 7,4 милиони долари, на почетокот на минатата недела побараа да се запре продажбата на синглот „Blurred Lines“ додека не се одлучи по кои права ќе се продава.

 

 



Врати се горе ↑