Свет pw.1d

10 септември, 2013

Фарел Вилијамс во преговори со Уан Дајрекшн

Уан Дајрекшн наводно се во преговори со хитмејкерот Фарел Вилијамс, кој би работел на песна за нивниот нов студиски албум. Според таблоидот The Mirror, фронтменот на N.E.R.D. кој соработуваше на овогодишните хитови „Get Lucky“ на Дафт Панк и „Blurred Lines“ на Робин Тик, се договарал да напише песна за третото студиско издание на британскиот бенд насловено „Midnigt Memories“.

На минатонеделното доделување на наградите Men of the Year, кои ги доделува магазинот GQ, Фарел изјавил: „Дефинитивно разговараме. Она што го слушнав од нивните нови материјали многу ме изненади. Тука секако има напредок. Се надевам дека ќе се вклучам бидејќи разговорите се во тек.“ Вилијамс ги пофали момците од групата велејќи: „Мислам дека некои не се ни свесни колку работат тие момци. Тие се огромен бренд, работат многу и сигурен сум дека фановите ќе бидат воодушевени доколку соработуваме.“

„Midnight Memories“ ќе биде објавен на 25-ти ноември, а на албумот ќе се најде и песна која ја напишал МекФлај.

 



Врати се горе ↑