23 ноември, 2013

Фарел Вилијамс сними видео запис кој трае 24 часа

Познатиот музичар и хитмејкер Фарел Вилијамс ги собори сите рекорди со новиот видео запис за темата „Happy“ кој трае ни помалку ни повеќе туку 24 часа! Станува збор за темата која се најде на саундтракот од анимираниот филм „Despicable Me 2“, чиј комплетен продуцент е токму Вилијамс. Покрај музичарот, во овој долгометражен видео запис се појавуваат и други познати личности како што се познатиот актер и комичар кој го позајмува гласот за главниот лик во анимираниот филм, Стив Карел, актерот и музичар Џејми Фокс, водителот Џими Кимел, како и многу други непознати луѓе кои танцуваат на улица, во автобус и слично, а целиот овој проект ни би бил потполн доколку не се појавуваат и најинтересните ликови од филмот – малите жолти Миниони.

Четири часа од овој рекорден прв 24-часовен видео запис можете да видите горе, а сите моменти можете да ги видите на овој линк.

 



Врати се горе ↑