Свет pharrell_620

20 декември, 2013

Фарел Вилијамс најави нов албум

Иако објави четири албуми со својата група N.E.R.D., гостуваше на веројатно стотина снимки на други изведувачи и ја потпиша продукцијата на преку педесет хит синглови во изминатите години, сепак единствениот соло албум кој Фарел Вилијамс го има во својата дискографија е изданието „In My Mind“, објавено во 2006 година. Но, сега сето тоа ќе се промени бидејќи познатиот музичар и продуцент штотуку потпиша нов договор со етикетата Columbia Records, која го најавува неговиот нов албум за 2014 година.

Очекувањата за новото издание се навистина големи со оглед на тоа што Вилијамс се потпиша и како автор на најголемите хитови за годинава („Get Lucky“ од Дафт Панк и „Blurred Lines“ од Робин Тик), а за сега познато е дека дел од албумот ќе биде и хитот „Happy“, кој се најде и на саундтракот за анимираниот филм „Despicable Me 2“ и кој го доби првиот 24-часовен видео запис. Како круна на сето тоа, музичарот доби „скромни“ седум Греми  номинации.

 

 



Врати се горе ↑