Свет pw

14 септември, 2014

Фарел Вилијамс и „Happy“ со историски рекорд

По повод 10 години откако британската компанија за официјални топ листи (Official Charts Company) ги следи сите музички симнувања на подрачјето на Велика Британија, објавена е листа „на сите времиња“, на која се претставени изведувачи и песни со најголем број платени преземања на интернет. На самиот врв и со дури три песни меѓу најдобрите 10 се најде американскиот музичар и продуцент Фарел Вилијамс; најсимнуваната песна во историјата на Велика Британија е неговиот хит сингл „Happy“, кој од јуни минатата година од официјалниот сервис е преземен 1,62 милиони пати. На второто место повторно се најде Фарел со неговото гостување во песната „Blurred Lines“ на Робин Тик (1,59 милиони симнувања), како и на шестото место со гостувањето во хитот „Get Lucky“, кој минатата година го претстави дуото Дафт Панк.

Во претходните десет години, според податоците на оваа компанија, на пазарот на Велика Британија реализирани се точно 1,24 милијарди платени симнувања на песни и 166 милиони платени симнувања на албуми. Листата со најсимнувани песни на сите времиња во Велика Британија можете да ја погледнете во продолжение.

  1. Фарел Вилијамс – „Happy”
  2. Робин Тик, Фарел Вилијамс и Ти Ај – „Blurred Lines”
  3. Адел – „Someone Like You”
  4. Марун 5 и Кристина Агилера – „Moves Like Jagger”
  5. Готје и Кимбра – „Somebody That I Used To Know”
  6. Дафт Панк, Фарел Вилијамс и Најл Роџерс – „Get Lucky”
  7. Блек Ајд Пис – „I Gotta Feeling”
  8. Авичи – „Wake Me Up”
  9. Ријана и Келвин Харис – „We Found Love”
  10. Кингс оф Лион – „Sex On Fire”
Извор и фотографија: officialcharts.com


Врати се горе ↑