Свет

25 август, 2016

Фарел, Робин Тик и Ти Ај поднесоа жалба за пресудата за „Blurred Lines“

Еден од најголемите хитови што ја одбележаа 2013 година, темата Blurred Lines од Робин Тик, Фарел Вилијамс и Ти Ај е плагијат. Барем така одлучи американскиот суд, кој во март минатата година утврди дека песната е плагијат на Got To Give Up од Марвин Геј. Фарел уште тогаш најави дека ќе поднесе жалба бидејќи оваа пресуда „ја убива креативноста!

Речиси година и половина подоцна, музичарите конечно поднесоа жалба, а во изјавата стои дека судењето „беше серија правни грешки околу авторството во пресудата на овој суд“. Тие сега бараат да се поништи пресудата која им налага на семејството на Марвин Геј да им плаќаат 5,3 милиони долари оштета и 50% од профитот од песната.

tumblr_mk2uuzMNOA1rpc1rco1_500

 

„Ова предизвика голем интерес на меѓународните медиуми и загриженост на музичката заедница дека, ако оваа пресуда остане, тоа би можело да значи дека уметниците не можат да имаат инспирација од постари изведувачи за да создадат нова популарна музика“, се вели во изјавата.

Во последно време сè почести се судските спорови за авторски права, а со слични проблеми се соочија и Ед Ширан, исто така за песна од Марвин Геј, како и „Лед цепелин“, кои беа обвинети дека нивниот култен хит „Stairway to Heaven“ е плагијат.

Сега, заради бројни пропусти во судењето, доказите ќе бидат уште еднаш разгледани, па можеби „Blurred Lines“ ќе добие поинаква пресуда.

Извор: Ролинг стоун

 



Врати се горе ↑