Свет img-1351762512-1ce36be0b6bbb94e0bb1aa5713b545ee

24 декември, 2012

Фарел: Новиот албум на Мајли Сајрус ќе ги изненади сите

Музичарот Фарел Вилијамс, кој е еден од главните продуценти и соработници на новиот албум на Мајли Сајрус, за музичкиот канал MTV изјави дека материјалот кој го подготвуваат ќе ги изненади сите. „Очекувајте го неочекуваното“ – вели тој воздржано, не сакајќи да открие повеќе детали. „Нејзиниот звук сега е токму каква што е и нејзината личност. Тоа е она кон кое се стемиме додека снимаме во студио и тоа е она што излегува од него. Интересно е. Нејзиниот глас е толку моќен, мораш да го слушнеш за да го разбереш. Не е ни приближно до она што би можеле да помислите“ – рекол Фарел, кој не е единствениот хип хоп артист што работи со Сајрус. Таа неодамна влезе во студио и со Мик Мил (Meek Mill), а соработува и со познатиот продуцент Тајлер, Креаторот (Tyler, the Creator). Како и да е, што подготвува оваа интересна екипа ќе дознаеме наскоро.

 



Врати се горе ↑