Видео pw

13 октомври, 2014

Фарел: „Луѓето се клучни за успехот“

Музичарот кој се потпиша позади најголемите хитови во изминативе години, Фарел Вилијамс синоќа гостуваше во британскиот „Х Фактор“, кој викендов ја започна последната фаза од натпреварот, финалните вечери во живо. Вилијамс премиерно го изведе својот најнов сингл „Gust of Wind“, снимен во соработка со француското дуо „Дафт панк“, а во подоцнежниот разговор со водителката откри дека никогаш нема трема кога настапува: „Сметам дека ако луѓето се забавуваат, тогаш нема простор за трема. Не велам дека сум добар во тоа, не сум, но на сцена се забавувам најмногу и тоа ми дозволува да се соживеам со тоа што го правам таму“, вели музичарот.

На прашањето што е клучот за неговиот огромен успех, Вилијамс вели: „Луѓето. Луѓето секогаш се клучната состојка за каков било успех. Тоа значи дека луѓето се тие кои решаваат да застанат позади нешто, решаваат дека им се допаѓа или ќе го наречат пријател, да гласаат за нешто или да го набават на ајТјунс. Сето горенаведено значи дека луѓето учествуваат во тоа. Всушност, ти си истиот музичар и дома и на сцена, но единствената разлика е тоа што луѓето решаваат да се соберат за да го слушнат тоа што имаш да го искажеш. Истото ќе ти го каже и Сајмон; без луѓето вие сте само група луѓе и неколку камери.“

Кусото интервју можете да го погледнете во продолжение, а веднаш потоа уживајте со синоќешниот настап и неодамна претставениот видео запис за синглот „Gust of Wind“.



Врати се горе ↑