6 април, 2014

Фарел ја претстави „Marilyn Monroe“

По мега хитот „Happy“, Фарел Вилијамс деновиве премиерно ја изведе темата „Marilyn Monroe“ која е втор сингл од неговиот неодамна објавен втор студиски албум „G I R L“. 41-годишниот музичар и продуцент викендов гостуваше во емисијата „Saturday Night Live“, каде што го отпеа новиот сингл во придружба на гудачка секција предводена од оскаровецот Ханс Цимер, а им недостасуваше само Кели Озборн која ги пее придружните вокали во оваа песна. „Marilyn Monroe“ можете да ја слушнете горе, а во продолжение погледнете ја и изведбата на „Happy“.

http://www.dailymotion.com/video/x1m59t2_pharrell-williams-performs-happy-saturday-night-live_music

 



Врати се горе ↑