Аудио dppw

4 октомври, 2014

Фарел го најави видео записот за новата соработка со „Дафт панк“

Виновниците кои стојат позади една од најслушаните песни во 2013 година (Get Lucky), американскиот хитмејкер Фарел Вилијамс и француското дуо „Дафт панк“ повторно ги здружија силите за песната насловена „Gust of Wind“, која се најде на второто студиско издание на Вилијамс, „G I R L“, објавено во март годинава. Оваа соработка наскоро ќе добие и свој видео запис, за чија режија бил задолжен Едгар Рајт (Edgar Wright), а кусата најава можете да ја погледнете во продолжение.

„Gust of Wind“ е трета соработка за познатите музичари, кои за албумот „Random Access Memories“ на „Дафт панк“ ги снимија хитовите „Get Lucky“ и „Loose Yourself to Dance“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑