21 февруари, 2014

Фарел го најави новиот албум за 3-ти март

Откако ги потпиша најголемите хитови кои ја одбележаа 2013 година кои му донесоа дури 4 Греми награди, американскиот музичар и продуцент Фарел Вилијамс конечно ќе ги израдува своите фанови со нов албум. Новото издание ќе го носи насловот „G I R L“ и ќе пристигне на 3-ти март, а познато е дека на него ќе се најде и актуелниот хит „Happy“ кој го сними за саундтракот на анимираниот филм „Despicable Me 2“ и кој е номиниран за Оскар.

Овој албум ќе го наследи неговото прво соло издание „In My Mind“ од 2006 година, а најавниот трејлер можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑