Настани 1

25 февруари, 2014

Фараоните Али и Фила и електро пионерот Атма на 14-ти Март во МКЦ – Скопје

SUN PRODUCTION со особено задоволство Ви го најавува гостувањето на едни од најголемите и најбараните имиња на електронската музичка сцена во моментов: диџеите АЛИ и ФИЛА (Египет) и  диџеј АТМА (Германија), кои на 14-ти март во МКЦ – Скопје ќе настапат на две концептуално одвоени сцени.

Египетското ДУО кое во последниве неколку години се рангира во врвот на светската електронска музичка елита според еминентниот Диџеј Магазин, креаторите на сè популарното музичко радио шоу FUTURE SOUND OF EGYPT, чија песна „We control the sunlight” во 2011-та година беше избрана за најдобра трака на „A state of Trance” – радио шоуто на Армин Ван Бурен.

 

Андреј Оливер Брасовендиџеј Атма е еден од пионерите на електронската музика во Источна Европа. Роден во Трансилванија, живее во Германија. Започнува да продуцира техно музика уште во 1991 година. Повеќе од две децении на електронска музика сцена со стотици настапи во живо на техно-транс сцената, познат во целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.

Домашна поддршка ќе бидат диџеите од SUN PRODUCTION. Настанот ќе започне од 23 часот, а влезниците по промотивна цена од 300 денари со 12-ти март можат да се набават во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на Купи карти за сè во Скопје и ширум Македонија. По 12-ти март цената на влезниците ќе изнесува 400 денари, а на врата: 500 денари.

Корисни линкови:

АЛИ & ФИЛА
www.alyandfila.com
www.armadamusic.com/label/future-sound-of-egypt/

АТМА

www.bmss.eu
www.soundcloud.com/atma_studio



Врати се горе ↑