Балкан emina-jahovic-spot-1344287089-194789

2 февруари, 2013

Фановите на Емина го одбраа насловот за новата песна

Популарната српска пејачка и сопруга на турскиот пејач Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ веднаш по новогодишните празници влезе во студио со цел што побрзо да ја заврши новата песна. Како што направи и актуелниот сингл „Да могу“, и овој пат Емина ги вклучи нејзините фанови во процесот на подготовка на песната, препуштајќи им да одлучат за насловот на темата. Така за претстојниот сингл, фановите одлучија да го носи насловот „У сенкама исти“.

И овој пат музиката и текстот ги потпишува самата Емина, а во продолжение прочитајте дел од стиховите на новата песна.

У сенката сви смо исти
Тишином плешемо
Једино се пораз види
Када паднемо

 

Извор: Трачара



Врати се горе ↑