Концерт 1463200_10151872647134915_451810134_n

28 ноември, 2013

Фановите на Елементал со роденденска порака до бендот

Утре го славиме 15-от роденден на Елементал во Скопје. Бендот изминатиот викенд го одржа својот роденденски концерт во Белград. Фановите им приредија супер честитка! Мало потсетување до сите фанови на Елементал, загребскиот бенд кој оваа година слави 15 години постоење! Формирани далечната 1998 година, како раперско трио со диџеј, за после 15 години постоење со издадени шест албуми, да се претворат во еден од највлијателните регионални бендови, кои својот упсех го потврдуваат со големиот број квалитетни синглови, спотови, концерти и бројни награди доделени од страна на публиката.

Токму затоа оваа есен Елементал се одлучија на еден од најамбициозните проекти во нивната кариера, во текот на ноември и декември 2013 година, ќе одржат концерти во најголемиот број од градовите ширум регионот во рамките на турнејата „У реду је – 15 години Елементал“. Иако бендот веќе со години свири низ државите ширум поранешна Југославија, ова е прв пат концертите да се одржуваат под официјална/службена турнеја.

Идејата која стои позади концертите е да се прошета низ 15-те години делување на бендот, со нагласок на последниот албум „У реду је“ кој досега наиде на сјајни реакции од публиката ширум регионот. Бендот досега ги помина Сплит (HR), Чрномељ (SLO), Загреб (HR) и Белград (RS), а по концертот во Скопје турнејата продолжува во Ниш (RS), Тузла (BIH), Нови Сад (RS), Ријека (HR) и  Панчево (RS).

Освен извонредните свирки и сјајната атмосфера која ги одбелжува концертите на Елементал, овој пат публиката ќе присуствува на сосема ново шоу, на два и пол часовен концерт на Елементал, со посебен осврт на сите најдобри песни од 15-те години творење и постоење.

Влезниците во ограничен број по претпродажна цена од 200МКД во Custom Pub, Ljubov и Happy cafe.

Официјалниот почеток на концертот е закажан за 22:00 часот, во клубот Хавана, во петок на 29.11.2013.



Врати се горе ↑