Свет 10614331_10152692978595768_4006819430219563147_n

20 септември, 2014

Фановите на Џеј Ло разочарани од „Booty“: „Не ти требаше ова!“

Новиот видео запис на Џенифер Лопез за ремиксот на песната „Booty“, во кој гостува австралиската раперка Иги Азалија и кој за само 24 часа од објавувањето беше прегледан над 8 милиони пати, доби негативни реакции од нејзините фанови. Имено, на нејзината официјална фан страница на Фејсбук, претставувајќи го видео записот, пејачката побара мислење за екранизацијата на оваа песна чија режија ја потпишува Хајп Вилијамс, а поголемиот дел од одговорите гласеа дека ваков чекор бил навистина непотребен и дека не треба да се труди да ги имитира Ники Минаж или Мајли Сајрус.

„Драга Џенифер Лопез, не ти требаше ова… ти си прекрасна и без да го покажуваш задникот… за срамота.“

„Ја сакам и почитувам Џенифер со години и секогаш сум сметал дека е привлечна и секси, но со стил. Тој впечаток сега падна во вода. Оваа песна едноставно е за никаде. Се надевам дека Џенифер ќе ги земе предвид сите критики што ги пишуваме овде и ќе сфати дека ова не е тоа што го сакаме. Нема да купам ниту еден нејзин албум како овој, а нема ни да одам на нејзините концерти ако продолжи да биде како Мајли Сајрус.“

„Отсекогаш сум била една од најверните фанови на Лопез, но ова видео е апсолутно разочарувачко.“ 

„Разочарана сум. Го очекував ова од Ники Минаж, но не од Џенифер Лопез!“

„’Одлично’, Џеј Ло! Девојчињата сега ќе можат да растат со помислата дека треба само да ги тресат своите задници намачкани со масло како тебе! Зошто да бидеш стиптизета кога можеш да бидеш поп ѕвезда? Истата работа, нели? Одличен пример, требало и Битлси да ги остават инструментите и да сфатат дека сè што треба да прават е да го тресат задникот!“

„Џеј Ло, го мразам твоето видео. Не те мразам тебе, ни твојата музика, но го мразам фактот што добрата музика и добрите уметници мораат да наликуваат на порнографија за да се најдат на пазарот. Како жена, воопшто не го ценам ова и сум разочарана што моите ќерки и девојките низ целиот свет што ќе го видат ова ќе мислат дека е популарно и дека ваквото однесување е во ред или, уште полошо, да мислат дека нешто не е во ред со нив ако не се однесуваат на овој начин. Тоа е многу тажно.“

„Ми недостига Џени од соседството.. вратете ја“, ова се само дел од коментарите на нејзините фанови на кои им е доста од песни со беззначајни текстови и разголени видео записи со акцент на физичките атрибути на жената, особено кога токму поп ѕвездите и нивното однесување се примерот кој го следат младите ширум целиот свет.



Врати се горе ↑