12 март, 2013

Фановите го снимија новиот видео запис на Блок Парти

Бендот Блок Парти (Bloc Party) деновиве го објави видео записот за песната „Truth“, последниот сингл од нивниот актуелен албум насловен „Four“, објавен минатата година. Видео записот го снимија нивните фанови во текот на концертот во Earls Court во Лондон, користејќи ја апликацијата Vyclone, која овозможува повеќе корисници да креираат филм така што ќе бидат искористени различни агли од снимањето со телефон, на кој материјалот може и да се монтира.

Пејачот на групата Келе Окереке во моментов пишува збирка со кратки приказни, а планира да напише и роман: „Мислам дека сум судбински предодреден да напишам роман“ – вели Окереке, кој смета дека во пишувањето е најважна техниката на прислушување што зборуваат луѓето околу него и пренесувањето на тие приказни на хартија.

Блок Парти во моментов се на турнеја, во чии рамки е и нивниот настап на фестивалот Егзит летово.

Извор: NME/MTV



Врати се горе ↑