Македонија

2 ноември, 2017

„Фанк шуи“ се новите ексклузивци на „Авалон“

Скопскиот бенд „Фанк шуи“ е новиот ексклузивец на „Авалон“, соопштија од продукцијата, официјално најавувајќи ја оваа соработка, која е во рамките на јубилејот од 25 години, сè со цел да им се даде поддршка на македонските музички артисти. Во периодот што следува, „Авалон“ ќе биде извршен продуцент, однозно издавач, промотер и букинг-агент на „Фанк шуи“.

Инаку, „Фанк шуи“ (Funk Shui) е скопски бенд кој комбинира различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред 7 години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца музичари кои создаваат своја лична авторска музика преку долги импровизирачки сесии. Истата година, „Фанк шуи“ за првпат своите дела ги снима во вид на четири демо песни под наслов „Got Funk?!“.

23031349_1834080196619999_7751528745927252628_n

На почетокот во „Фанк шуи“ членуваат Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Давид Николовски (тапани) и Стефан Стојанов (бас гитара), а подоцна на негово место се приклучува Михаил Намичев. Бендот досега има издадено два албума – „Етер“ во 2012 година и „R.E.M“ во 2015 година. Во периодот меѓу двата албума, бендот го издава синглот со наслов Огледала“, кој подоцна се наоѓа на вториот албум. По издавањето на вториот албум, момците ја снимаат песната Архетип, која добива и свој видео запис. Овој сингл е најсофистицираното и најсозреано дело на бендот. 

Во изминатите години „Фанк шуи“ има настапувано на многубројни музички фестивали во Македонија, а во моментов работи на сингл што ќе се најде на новиот студиски албум, кој во план е да излезе во текот на 2018 година, во издание на „Авалон продукција“.



Врати се горе ↑