Аудио

26 април, 2017

Фани се враќа со „Казна и грев“

Познатата пејачката, авторка и диџејка Фани Христова ја претстави својата нова песна насловена „Казна и грев“, која е резултат од соработката со долгогодишниот пријател и соработник, хитмејкерот Роберт Билбилов, чиј потпис стои на аранжманот и продукцијата.

„Воопшто не размислував со кого ќе го работам проектот со кој по подолга пауза се враќам на сцената. Роберт беше човекот што пред многу години ме натера да почнам со пеење. За мене тој е најдобриот продуцент на овие простори“, рече Фани кога ја најави новата песна, за која вели дека „музиката и текстот ги напиша во еден здив, а Роберт го имаше потешкиот дел – ем да направи аранжман, ем да ме натера да влезам пак во студио.“

фани



Врати се горе ↑