Аудио djn-fh

29 септември, 2014

Фани Христова сними песна со диџеј Навигатор

Познатата пејачка и диџејка Фани Христова сними песна со скопскиот диџеј Навигатор. Темата насловена „Finally Over You“ е отпеана на англиски јазик, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Иако направи кратка пауза како пејачка, Фани е мошне активна со настапи како диџеј, освојувајќи ја и светската диџеј сцена. Имено, годинава ја започна со новогодишен настап во Сент Мориц во Швајцарија, каде што продолжи и летово, а покрај градовите ширум Македонија, настапуваше и на грчкиот остров Иос. Какви се нејзините впечатоци од настапите и кои се нејзините идни планови можете да дознаете од неодамнешното интервју за битолската телевизија „Тера“.

 


Врати се горе ↑