Концерт 1r-sk

6 април, 2015

Фан пит влезница за „Уан репаблик“, најубав подарок за Велигденските празници!

Уште помалку од два месеци нè делат од долгоочекуваниот концерт на „Уан репаблик“ во Скопје, а од „Авалон продукција“ информираат дека го добиле техничкиот рајдер и велат дека станува збор за навистина неверојатно спектакуларен концерт!

„Во оваа информација ќе се задржиме исклучиво на поставеноста на бината и на просторот определен за оние што веќе имаат набавено ФАН ПИТ влезници, како и за оние коишто планираат да набават од оваа најатрактивна  влезница, за којашто количината е строго ограничена“, велат од „Авалон“.

Како што е познато, билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн по цена од:

ПАРТЕР – 990,оо денари

ТРИБИНА (СЕДЕЊЕ) – 1200,оо денари

ФАН ПИТ – 1500,оо денари

ВИП – 1500,оо денари

 



Врати се горе ↑