Македонија eye-cue

14 февруари, 2013

Eye Cue со нова песна и видео запис

Од вчера, новиот сингл на Eye Cue насловен „Сон” е достапен за слушателите на радио станиците низ Р. Македонија. За песната веќе е снимен и спот, чија ексклузивна промоција е закажана на MTV Adria на 4-ти март, во 20 часот.

Песната се снимаше во студиото MarryPHAT на Ивица Јанкуловски – Штраф, а завршните финеси се работеа во Audio Bay Mastering студиото во САД. Видео записот е снимен во режија и камера на Огнен Шапковски и камера на Кристијан Теодоров.

Eye Cue е бенд кој на македонската музичка сцена е присутен од 2007 година, кога за првпат се појавија со синглот „Магија“. Следеше албумот „Superstar Wannabe“, од кој произлегоа 5 успешни видео записи. Како најуспешен, „Not This Time“ своевремено се најде на првото место на MTV Adria и беше вброен меѓу 20-те највртени нумери за 2010 година. Минатата година песната „Иста патека“ се искачи на второто место на MTV Adriа, за подоцна да стане дел од највртените 20 нумери за таа година. Повеќе од пола година оваа песна беше актуелна и на локалните радио и ТВ станици. Во ноември, 2012 година бендот доби награда за „Sвезда што се раѓа” на Македонскиот радиски фестивал. Бендот е активно присутен и на клупската сцена, а има настапувано и на бројни регионални и европски фестивали.

Во моментов, бендот активно работи на нов материјал за вториот албум. Песната може да се симне од следниот линк: www.sendspace.com/file/nou3je



Врати се горе ↑