Настани 11866_10151614744148698_295707123_n

16 мај, 2013

EXIT Р:Еволуцијата продолжува!

EXIT Р:Еволуцијата не може да биде целосна без учество на сите фанови кои сакаат да ја откријат магијата на овогодинешниот фестивал. Затоа,од оваа година,  EXIT може да биде достапен за сите! Со цел единствената атмосфера и врвните изведувачи да бидат достапни за сите љубители на фестивалот кои не се во можност да уживаат во магичноста на петдневниот провод во Нови Сад, продажбата на еднодневните карти почнува од денеска – четврток, 16-ти мај, точно на пладне по неверојатна цена од само 1240 денари. Бројот на влезниците по цена од 1240 денари ќе биде строго ограничен и организаторите на фестивалот очекуваат дека сите ќе бидат распродадени во рок од само неколку дена. Само најбрзите и најупорните ќе бидат во можност да ги набават овие влезници во продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место во Македонија – Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

 

Откако ќе се распродаде ограничениот контингент на влезници кои се во продажба по најниската промо цена, следната важечка промотивна цена за еднодневните влезници ќе изнесува 1560 денари и ќе важи исто така само за ограничен број на влезници. Полната цена на еднодневните влезници, во претпродажба, од 1890 денари ќе биде актуелна сѐ до почетокот на самиот фестивал. За време на траењето на фестивалот, цената на еднодневните влезници ќе биде поскапа, така што промотивниот период е идеална прилика за сите оние на кои EXIT им е во срцата да дојдат до своите карти на најлесен начин.

 

Сите заинтересирани посетители на EXIT, и оние искусните, како и оние на кои ова ќе им биде прво фестивалско лето на Петроварадинската тврдина, до еднодневните влезници во Македонија можат да дојдат само преку продажната мрежа на МКтикетс.

 

Овогодинешниот EXIT ќе трае од 10-14 јули на Петроварадинската тврдина. Во рамките на EXIT Р:Еволуцијата најавен е и нулти ден, чиј детален концепт ќе остане изненадување сѐ до почетокот на јуни. Учеството на EXIT 2013 го потврдија легендарниот Thom Yorke со својот нов состав Atoms For Peace, раперот Snoop Dogg кој на главната фестивалска бина ќе се соочи со своето ново алтер его, реге лавот Snoop Lion, EXIT легендите The Prodigy доаѓаат во рамки на патувачкиот Warriors Danceспектакл, CeeLo Green ќе ги освои срцата на публиката со своите хитови и феноменалниот глас,  Bloc Party доаѓаат со гитарската експлозија, а на Dance Arena посетителите ќе ја дочекаат зората со мајсторите на електронската музика Fatboy Slim, Dubfire, Jeff Mills, најдобриот диџеј на светот за 2012 Seth TroxlerEric Prydz и многу други, а уште 600 други изведувачи на 20 фестивалски бини ќе направат ова лето да биде најдоброто до сега.

Сите дополнителни информации за фестивалот се достапни и преку интернет страницата www.exitfest.org



Врати се горе ↑