Настани 575250_10151565034438698_106466090_n

10 мај, 2013

Exit и понатаму меѓу најдобрите‏

Во својата статија за водечките летни фестивалски дестинации Euronews го одреди EXIT како еден од десетте најдобри европски фестивали за 2013 година. Овој влијателен медиумски сервис на овој начин се придружи на списокот со водечки светски медиуми на кој веќе се наоѓаат BBC, CNN, The Guardian, MTV и други, а кои го прогласија EXIT за еден од најдобрите европски фестивали. Текстот во кој EXIT се најде на шестото место на листата на најдобрите, како негови адути ги истакнува разновидната музичка програма и Петроварадинската тврдина, како единствена фестивалска локација.

Во статијата на интернет порталот www.euronews.com, EXIT го најде своето место на листата пред гигантите како белгискиот Tomorrowland фестивал и унгарскиот Sziget, кои го зазедоа седмото, односно деветтото место. Во однос на другите европски фестивали,  на EXIT му се придава предност поради исклучително достапните цени, како и незаборавното фестивалско доживување во мултикултурното опкружување.

Се наведува и дека EXIT е прогласен за најдобар европски фестивал во 2007 година, а посетителите се повикуваат да присуствуваат на настапите на Snoop Dogg aka Snoop Lion, Bloc Party, Fatboy Slim, DJ Fresh и Dubfire, покрај кои ќе имаат прилика да уживаат и во генијалноста на групата Atoms For Peace, како и CeeLo Green, Jeff Mills, Eric Prydz и многу други.

Бројните награди кои ги освои EXIT низ годините но и, пред сѐ, квалитетната музичка програма и карневалска атмосфера направија од Петроварадинската тврдина незаборавна фестивалска дестинација за посетителите од целиот свет.

Оригиналниот текст можете да го прочитате на овој линк.

Станете дел од EXIT Р:Еволуцијата, присуствувајте на незаборавните концерти и засекогаш понесете со себе дел од фестивалската атмосфера. На тврдината ве чекаат Atoms For Peace, Bloc Party, CeeLo Green, Fatboy Slim, Snoop Dogg aka Snoop Lion, The Prodigy, Chase & Status & Rage, Diplo, DJ Fresh live, Dubfire, Eric Prydz, Jeff Mills, Pan-Pot, Rudimental live, SBTRKT, Seth Troxler, Ana Popovic, Delilah, Eyesburn, Feed Me, Gregor Tresher live, Mathew Jonson live, Prong и многу други.

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалниот сајт на EXIT Фестивалот www.exitfest.org



Врати се горе ↑