29 мај, 2013

Exit: Хаус спектакл на Денс Арена‏

Списокот на изведувачи кои ќе настапат на Денс Арената е побогат за уште три големи имиња од светот на хаус музиката. Steve Angello, Mark Knight и Tom Staar спремаат единствен хаус спектакл и се закануваат да ги запишат своите имиња меѓу историските настапи на Денс Арената! Со својата експлозивна енергија и неуморни ритмови творците на најголемите денс химни во последните неколку години ветуваат незаборавна вечер на една од најбараните фестивалски дестинации на светот, Денс Арената на EXIT.

Припадникот на елитното друштво на диџеи и продуценти, Steve Angello со настапот на EXIT фестивал ќе отвори ново поглавје во својата карера. Angello стекна популарност, статус на глобален суперстар и номинација за Греми наградите како член на организацијата Swedish House Mafia, која заедно со него ја сочинуваа Axwell и Sebastian Ingrosso, а која неодамна и офоцијално е расформирана. Angello, кој како и EXIT ја преживува револуцијата, работи на нови изданија за својата издавачка куќа Size Records, па на публиката на Денс Арената ќе и го претстави својот карактеристичен хаус звук кој го доведе на врвот. Покрај соработката со Axwell и Ingrosso и бројните хитови со Eric Prydz, Steve Angello ширината на својот талент го покажа и со ремиксите на песните на ѕвезди како што се Justin Timberlake, Will.I.Am, Eurythmics, Pendulum, Moby и Deep Dish. Како дел од најголемата глобална денс супергрупа, Swedish House Mafia, Angello ги продуцираше мега хитовите “Save the World”, “Antidote”, “Greyhound” и “One”, кои владееја на светските топ листи, додека неговата соло кариера ја одбележаа „Summer Noize“, „Yeah“ и „Raining Again“.

 

Харизматичниот Mark Knight, чиј експлозивен настап имавме прилика да го видиме и кај нас, минатиот викенд на Аква Парк Фест, за музичката сцена направи многу повеќе од само диџејство и продукција, покренувајќи ја една од најзначајните издавачки куќи која се бави со денс музиката, Toolroom Records. David Guetta, Faithless, Florence + The Machine, Umek и Underworld се само некои од имињата кои потпишуваат изданија за Toolroom Records. Исто како и Steve Angello, Mark зад себе има номинација за Греми наградите, но и три најпродавани нумери на Beatport и хитовите „Downpipe“, „Good Times“, „Devil Walking“ кои ја покорија денс сцената.

 

Диџејот и продуцент Tom Staar зад себе веќе има настапи по најдобрите светски дискотеки, од Токио, преку Ибица, до Њујорк и Сао Паоло, а својот прецизен стил и заводлив хаус звук ќе го демонстрираат и на Денс Арената, една од најдобрите светски дискотеки под отворено небо.

И покрај веќе потврдените настапи на великаните на електронската музичка сцена како David Guetta, Fatboy Slim, Eric Prydz, Jeff Mills, Dubfire, Seth Troxler и многу други, Steve Angello, Mark Knight и Tom Staar ги потврдија своите настапи пред публиката на EXIT Фестивал во екот на својата популарност, сместувајќи го новосадскиот фестивал пред барањата на стотина други промотери од целиот свет. Легендата за Денс Арената и незаборавните журки на изгрејсонце пред 25000 луѓе како магнет ги привлекува најголемите имиња на електронската музика, кои на настапот на EXIT гледаат како на своевиден врв во својата кариера.

Спремете се за најдобриот провод било кога на Денс Арена и Петроварадинската тврдина со акцијата „Со екипата на Exit“. Соберете ја својата екипа, одиграјте ја играта „4 = 5“ и одберете го среќникот помеѓу вас, бидејќи до 31 мај, на секои четири купени влезници EXIT ви ја подарува петтата бесплатно, а за работите да бидат уште позабавни, целото друштво добива бесплатно сместување во EXIT кампот! Не заборавајте и дека најдоцна до 10 јуни, сите оние кои викендов се забавуваа на АКВА ПАРК ФЕСТ, со приложување на својата влезница од овој фестивал добиваат и дополнителен 10% попуст на фестивалските влезници за EXIT кои во моментов се сѐ уште достапни по промотивната цена од 3580 денари.

Станете дел од EXIT Р:Еволуцијата, присуствувајте на незаборавните концерти и засекогаш понесете со себе дел од фестивалската атмосфера. На тврдината ве чекаат Atoms For Peace, Bloc Party, CeeLo Green, Fatboy Slim, Snoop Dogg aka Snoop Lion, The Prodigy, Chase & Status & Rage, Diplo, DJ Fresh live, Dubfire, Eric Prydz, Jeff Mills, Pan-Pot, Rudimental live, SBTRKT, Seth Troxler, Ana Popovic, Delilah, Eyesburn, Feed Me, Gregor Tresher live, Mathew Jonson live, Prong и многу други.

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната интернет страница на EXIT Фестивалот www.exitfest.org



Врати се горе ↑