Балкан 0d6c4b6c-2ea8-4e1d-8053-4d6bd8735d46

28 октомври, 2015

ЕXIT Aftermovie: Погледни го видеото и освој влезници за следната Егзит авантура‏

„Егзит“ и „Си денс“ (Sea Dance) се повторно номинирани за најдобрите европски фестивали, а во очи на гласањето кое трае до 12 ноември, објавено е и официјалното Aftermovie видео со дел од најдобрите моменти од овогодишната Егзит авантура! Сите кои ќе го погледнат и споделат видеото на „Фејсбук“ и „Твитер“ со хаштагот #ExitAdventure автоматски учествуваат во наградната игра во која среќниот добитник станува сопственик на првите влезници за следната Егзит авантура 2016, како и сместување и превоз за двајца од Петроварадин до Јаз!

 

Втората по ред Егзит авантура оствари рекордна посетеност во оваа деценија, но ја забележа и најпосетената ноќ во историјата на Егзит, со повеќе од 300.000 луѓе кои поминаа низ фестивалските врати од Петроварадин до Јаз, со што е поставен нов предизвик за следното, трето по ред издание на најголемото фестивалско летување во Европа! Овогодишната Егзит авантура ќе остане запаметена и по впечатоците на изведувачите и многубројната публика кои сведочеа, не само дека присуствуваа на најдобриот концерт или фестивал, туку и на едни од најдобрите моменти во животот! Заедно со фановите од над 60 земји од сите континенти на светот, 15. роденден на Егзит на Петроварадинската тврдина го прославија Emeli Sande, Manu Chao, Faithless, Motorhead, John Newman, Hardwell, Tom Odell, Martin Garrix, Clean Bandit, Capital Cities, Napalm Death, Milky Chance, Leftfield, Fear Factory, Tale of Us, Chris Liebing, Adam Beyer, Eagles of Death Metal, Just Blaze, Zomboy, Dirtyphonics, Roni Size Reprazent, Goldie, Dixon, Hladno pivo, Zoster, Artan Lili, Ničim Izazvan и бројни други. Прославата потоа се пресели на официјално Најдобриот европски фестивал со до 40.000 посетители дневно, воедно и Најдобрата европска плажа според изборот на водечкиот туристички водич Lonely Planet, плажата Јаз и Sea Dance фестивал! Четири дена и ноќи забавата траеше без пауза со одбрани имиња како што се The Prodigy, Roisin Murphy, Rudimental, Sigma, Wilkinson, Noisia, Gramatik, Dubioza kolektiv, Bondax, James Zabiela, Who See, Flight Facilities, Odesza, Modestep, Soul Clap, Kim Ann Foxman и други.

Со глас за „Егзит“ и „Си денс“ до ВИП влезница за водечките европски фестивали!

Гласајќи за Европските фестивалски награди, фановите добиваат можност да учествуваат во наградната игра за ВИП влезници за водечките европски фестивали! Победникот од 2013 година, фестивалот „Егзит“ седма година по ред е номиниран за „Најдобар голем европски фестивал“, а „Си денс“ ја брани минатогодишната титула „Најдобар средно-голем фестивал“, односно до 40.000 посетители дневно. Гласањето за European Festival Awards трае до 12 ноември, а гласачите можат да освојат ВИП влезници за победничките фестивали ширум Европа!



Врати се горе ↑