Македонија 12249809_10153815132258395_3714202785593442719_n

25 ноември, 2015

Евровизиските фанови воодушевени што Калиопи се враќа на Евросонг

Лавина позитивни коментари пристигнаа од цела Европа откако беше објавена веста дека Калиопи повторно ќе ја претставува Македонија на популарниот фестивал. Со нејзиниот хит „Црно и бело“, пејачката ги освои срцата на огромен број евровизиски фанови, кои велат дека токму оваа песна им е една од омилените од Македонија, но и од Евровизија воопшто.

Многумина прокоментираа и дека Македонија конечно повторно ќе се пласира во финале, како и дека во 2012 година сме заслужиле многу повисок пласман од освоеното 13. место.

Дали и Вие сте задоволни од одлуката на МРТ?

 



Врати се горе ↑