Промоции 10151854_721223937917129_925493087_n

9 април, 2014

Евровизискиот видео запис ќе биде претставен во петок

По учеството на настанот „Eurovision in Concert“ во Амстердам, Холандија кое се одржа деновиве и кое го означи почетокот на промотивната европска турнеја, нашата евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ во петок (11 април) ќе го промовира видео записот за темата „To The Sky“, како и двете други верзии на македонски и српски јазик. Промоцијата ќе се одржи во просториите на ресторанот „Арабеска“ со почеток од 12 часот.

По пауза од неколку дена, Тијана ќе продолжи со промотивни настапи ширум Европа, а како изгледаше нејзината изведба на „To The Sky“ во Амстердам можете да погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑