Видео gol-evrovizija

22 март, 2016

Евровизискиот претставник на Белорусија сака да настапи гол?

Актуелниот евровизиски претставник на Белорусија, Александар Иванов, чие сценско име е едноставно Иван, на евровизиската сцена во Стокхолм сакал да настапи како од мајка роден. Како причина за ова, пејачот наведува дека само така ќе може целосно да ја долови смислата на неговата песна „Help You Fly“.

Screenshot_1-13

Но, тоа не е сè! Покрај невообичаената „костимографија“, пејачот сака да биде придружуван од волци, а дали овие негови желби ќе му бидат исполнети останува да дознаеме наскоро. Во продолжение слушнете како звучи песната со која Иван ќе ги брани боите на својата земја.



Врати се горе ↑