Македонија IMG_4200

3 мај, 2015

Евровизиски мост до Америка!

Следејќи го годинешното евровизиско мото „Градиме мостови“, Виена поврза 40 земји коишто ќе се натпреваруваат на јубилејното 60. издание на најголемиот музички натпревар во Европа. За прв пат се приклучува и Австралија, каде овој фестивал се следи веќе години наназад. Но дали тука ќе заврши градењето на мостови или ќе се изгради уште еден?

Нашиот евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, во последните денови од промотивната турнеја беше во официјална посета на американската амбасадорка во Виена, Алеска Веснер. По средбата, американската амбасадорка изјави: „Навистина сум возбудена што го градиме најголемиот евровизиски мост!”.

Средбата со американската амбасадорка беше поддржана од страна на нашата амбасадорка во Виена, Василка Попоска Треневска, со која нашиот евровизиски претставник претходно одржа официјална средба во Виена.

За што беше средбата? Дали американската амбасадорката е фан на Евровизија? Дали се работи за официјална евровизиска соработка? Да видиме што ни подготвува Даниел и неговиот тим. Поводот за средбата и причината за соработка ќе бидат објавени по викендот.



Врати се горе ↑