Галерија 103-1024x681

28 април, 2014

Евровизиската сцена е подготвена

На официјалната веб страна на Евросонг деновиве беа објавени фотографии на кои може да се види како ќе изгледа спектакуларната сцена на која годинава ќе запеат претставниците од 37-те земји учеснички на 59-тото издание на Евровизија, кое годинава ќе се одржи на 6, 8 и 10 мај во концертната сала B&W Hallerne во Копенхаген, Данска (сите евровизиски песни можете да ги слушнете овде). Како што е познато, нашата претставничка за годинава е Тијана Дапчевиќ која заедно со придружните вокали Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Никола Перевски Пере во втората полуфинална вечер ќе ја отпее песната „To The Sky“, авторско дело на Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Елена Ристеска – Ивановска.

Мотото оваа година гласи „Придружете ни се“(#Join Us), а како ќе изгледа евровизиската сцена можете да погледнете на фотографиите во продолжение.

Фотографии: eurosong.tv



Врати се горе ↑