3 мај, 2015
Евровизиската приказна на Даниел и „Џули“
Даниел Кајмакоски е поврзан со евровизискиот фестивал уште од денот кога е роден. Гледањето пренос од „Евросонг“ било традиција во неговото семејство, а неговата мајка посебно го сакала фестивалот. Така, по нејзина желба вториот син го добил името по Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија во 1983 и го освои четвртото место со песната „Џули“, која стана огромен хит. Таа посакувала Даниел да стане пејач и му била најголема поддршка во градењето музичка кариера, како и целото семејство кое отсекогаш цврсто верувало во неговиот успех. Раскажувајќи често за овие моменти, Даниел доби идеја да ја сними „Џули“ во знак на благодарност до неговата мајка и семејството, и како изненадување за сите евровизиски фанови!
Видеото беше снимано со поддршка на МРТВ и продукцијата „Сторителер“ (Storyteller).