Видео

14 април, 2018

Евровизиската песна на „Ај кју“ е хит во Шпанија

Песната „Lost & Found“, со која „Ај кју“ ќе ги брани боите на Македонија на претстојната „Евровизија 2018“, е една од најслушаните во Шпанија. Имено, групата сподели фотографија од десетте најпреслушувани песни во оваа земја на сервисот Спотифај, а токму „Lost & Found“ се наоѓа на 8. место. Интересно е тоа што Шпанија, која како дел од „големата петка“ редовно оди директно во финале, годинава заедно со Обединетото кралство и Португалија ќе гласа во првата полуфинална вечер кога настапуваат и нашите „Ај кју“, па се надеваме дека ќе добиеме нивната поддршка.

Wuhuuuu ❗❗❗"Lost and found" found itself #8 on most viral songs on @spotify in Spain along with @dualipa @calvinharris…

Gepostet von Eye Cue (Official) am Donnerstag, 12. April 2018

 

Како што е познато, „Ај кју“ од неодамна ја започнаа својата промотивна турнеја, во чии рамки настапуваат на евровизиските забави што веќе традиционално се организираат во неколку поголеми градови низ Европа, а за првпат во живо „Lost & Found“ ја слушнаа посетителите на третото издание на фестивалот „Израел колинг“, кое деновиве се одржа во Тел Авив (на настапот можете да се потсетите овде, а како помина нивниот претстој таму погледнете во прилогот на „Стисни плеј“).

Ај Кју на предевровизиска промотивна турнеја во Израел !

Погледнете како си поминаа Ај Кју на предевровизискиот промотивен настан Israel Calling !

Gepostet von Stisni Play am Samstag, 14. April 2018

 

Втората станица од турнејата е Амстердам, каде што забавата ќе се случи вечерва, а третата и последна станица е Мадрид, каде што веќе сигурно можеме да очекуваме одличен прием кај публиката. По завршувањето на промотивната турнеја, македонската делегација на 28 април се сели во Лисабон за да ги финализира подготовките за главниот настан.

„Ај кју“ во Амстердам со претставниците на Австралија (Џесика Маубој), Израел (Нета), Црна Гора (Вања Радовановиќ) и Албанија (Еуген Бушпепа), и минатогодишниот претставник на Бугарија, Кристијан Костов

 

Bojan and Marija from Eye Cue (Official) wondering Amsterdam streets 😂😂😂 before they officially meet esc media and…

Gepostet von Stisni Play am Samstag, 14. April 2018

 

Само за потсетување, на евровизиската сцена „Ај кју“ ќе настапи во полн состав како трио, односно вокалистот и гитарист Бојан Трајковски, вокалистката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски, а поддршка ќе им бидат придружните вокали Дина Јашари, Антонија Гиговска и Валери Димовска, додека кореографијата ја подготвуваат со Јана Андрејевиќ – Лазарева. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во првата полуфинална вечер на 8 мај, под реден број 11.

И.Ј.



Врати се горе ↑