Македонија opi

11 февруари, 2016

Евровизиската песна ќе стигне во март

Судејќи според насмевката на Калиопи, фотографирана во друштво на женската екипа на МРТ, сè се одвива како што треба и сè е под конец, пишува „Утрински“. Во државниот сервис веќе почнаа да се прават договори и подготовки во врска со презентацијата на песната што ќе нè претставува на 61. издание на „Евровизија“ во Шведска. Калиопи и Ромео Грил, адутите на Македонија, за претстојниот музички спектакл, во најмала рака очекуваат пласман каков што спомнатиот двоец ги имаше во Баку.

Имено, во Азербејџан, со песната „Црно и бело“ не само што освоија 13. место (71 поен) во конкуренција од 26 песни, туку и ја вратија Македонија во „игра“ наречена финале. И пред и по нив, нашата земја имаше седум сушни музички години. Како и да е, деталните информации и песната ќе ги слушнеме кон почетокот на месец март. Сега се на ред финеси и дошминкувања, кои во финишот ќе добијат вистинска професионална рамка.

 

Извор и фотографија: Утрински



Врати се горе ↑