Македонија esma-i-vlatko

10 февруари, 2013

Евровизиската песна ќе ја чуеме на 27-ми февруари

Промоцијата на песната со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски Лозано ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија годинава е закажана за 27-ми февруари. Авторите кои ќе се потпишат на овогодинешната евровизиска песна сè уште не се познати. Неколку имиња се споменуваат, но од МТВ сè уште не ги откриваат. Веќе следната недела специјална комисија ќе го одбри понуденото и ќе се знаат деталите која ќе биде песната што ќе не претставува на Евровизија. Исто така во тек се преговори и подготовки за организирање на македонска вечер во Шваедска.

Евровизија оваа година ќе се одржи на 14-ти, 16-ти и 18-ти мај во Малме, Шведска. Македонија ќе настапи во втората полуфинална вечер со реден број шест.

Извор: plusinfo.mk



Врати се горе ↑