3 јули, 2013

Евровизиската песна доби и латино верзија

Евровизиската „Пред да се раздени“, односно „If I Could Change The World“ веќе имавме можност да ја слушнеме во неколку верзии, а сега пристигна уште една. На официјалниот ЈуТјуб канал на Лозано вчера беше прикачено видео во кое накратко може да се види целата евровизиска приказна (од пристигнувањето, прес конференциите до самиот настап на сцената), а во позадина се слуша англиската верзија, но со малку поинаков аранжман и без делот на Есма. Погледнете го видеото горе и уживајте со новото латино руво на евровизискиот хит!



Врати се горе ↑