Настани

10 мај, 2019

Евровизиска забава утревечер во „Нано бар“ во Скопје

Во пресрет на 64. издание на популарниот европски фестивал, утревечер во „Нано бар“ во Скопје ќе се одржи веќе традиционалната евровизиска забава, овој пат во чест на нашата актуелна претставничка Тамара Тодевска, која ќе се јави во живо од Тел Авив.

Присутните ќе имаат можност да се забававуваат со најголемите евровизиски хитови низ годиниве, како и со македонските песни со кои сме се претставувале на фестивалот, а за сето тоа ќе биде задолжена диџеј Тина.

Тодевска веќе ја имаше првата проба, а викендов се очекува да ја видиме и втората, додека целосниот настап ќе имаме можност да го проследиме во втората полуфинална вечер во четврток, на 16 мај, кога пејачката ќе ја изведе „Proud“ под реден број 17.

Утрешната евровизиска забава е со почеток од 21.30 часот.



Врати се горе ↑